Заев и Вучиќ остварија средба на преминот Табановце – Прешево

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на граничниот премин Тановце – Прешево денеска остварија средба на која го претставија проектот „One stop shop“ за интегрирано гранично управувње.

Како што рече Заев самиот проект ќе значи на едно место во едно време, на една заедничка испостава, со само едно застанување, да можат граѓаните, превозните средства и стоката да поминуваат за пократко време.

– Сето тоа е дел од заедничката економска агенда на Западен Балкан која Европската унија ја заокружи, а ние премиерите на земјите од Западен Балкан ја потврдивме на Самитот во Трст и навистина ми е драго што шенген механизмите ги воведуваме овде, односно ја носиме Европа на Балканот, рече Заев.

И Заев и Вучиќ нагласија го потенцираа силното пријателство и партнерство помеѓу двете земји, а македонскиот премиер истакна дека ќе се отворат и нови гранични премини и соработката допрва ќе се зајакнува.

Како што посочи Вучиќ, овој проект е од големо значење за двете земји, за стопанството, но и за туризмот, што ќе ги мотивира луѓето повеќе да го користат овој премин.

– Определба на граѓаните на Србија е да имаме најдобри можни односи помеѓу Белград и Скопје, убеден сум дека и премиерот Заев го мисли истото и ова е еден од примерите каде можеме заеднички да направиме многу и на луѓето да им олесниме и на обичните патници во сообраќајот, а пред се на оние во теретниот сообраќај, тоа би донело драстични заштеди, рече Вучиќ.

Како што порачаа двајцата државници, годишно поради застои и чекања на граничните премини се губат околу половина милијарда евра кај превозниците и дека со овој начин на управување тоа повеќе нема да биде пракса.

За имплементација на проектот „One stop shop“ ќе треба да се потпише и билатерален договор помеѓу владите на двете земји на заедничката седница која треба да се одржи кон крајот на годината.

Проектот за интегрирано гранично управувње е финансиран од Светска Банка преку Меѓународна финасиска корпорација.

Средбата на двете делегации ќе продолжи во неформална атмосфера на заеднички ручек во Врање.

фото: Танјуг

Loading...

Leave a Reply