Заев: Граѓаните може да сметаат на својата држава

Сподели со своите пријатели

Граѓаните може да сметаат на државата, и не само граѓаните, туку и фирмите. Овој последен пакет економски мерки е надополнет со музичари, приватни превозници, приватни градинки… И во иднина ќе има и петти пакет економски мерки, едноставно сакаме да обезбедиме услови за работа. Сакаме да ги заштитиме работните места и да внесуваме свеж капитал во економијата. Некои компании работтат профитабилно, како маркети, аптеки и слично. Најтешко им е на оние кои целосно се затворени. Тоа се пакети со солидарност, затоа ќе успееме.

Loading...

Ова вечерва го изјави премиерот Зоран Заев на гостувањето во вестите на Сител, потенцирајќи дека ваквата оптимистичка прогноза ја темели врз здравата кондиција на буџетот.

Тој направи споредба со приливите во буџетот за октомври оваа и истиот месец за ланската година преку која илустрираше дека овој октомври остварени се проекциите за прилив и дека буџетот се полни тековно.

Во однос на Коридорот – 8 и бугарските инвестиции, Заев повтори дека главните фокуси на државата, надвор од КОВИД – 19, се инвестиции и владеење на правото.

Тој информира дека експресниот пат се движи со одлична динамика, додека железницата не оди со предвиденото темпо.

– Експресниот пат е доволна основа за да го раздвижиме протокот, дај Боже да се раздвижи и ќе правиме автопатишта во иднина, нели го крстивме Гоце Делчев да се вика. Дел од Коридорот 8 е и Миладиновци – Штип, тоа е сосема нов автопат и од таму продолжуваме со експресни патишта до Делчево, до ГП Деве Баир, го работиме Клепало, појасни премиерот Заев.

Цветанка Миновска

Leave a Reply