Задолжителни маски за децата од шест години меѓу рестриктивните мерки во Франција која од полноќ е во карантин

Сподели со своите пријатели

На владината прес-конференција, премиерот на Франција Жан Кастекс ги појасни условите за здравствените ограничувања, претставени синоќа од претседателот Емануел Макрон. Особено, тој најави дека Французите можат да ги напуштат своите домови само од одредени причини и со потврда, како во март. Излегувањето за вежбање или шетање на домашните миленичиња ќе биде можно „за еден час максимум“ и „во радиус од еден километар од домот“, јави дописникот на МИА.

Loading...

Изутринава, Жан Кастекс пред Националното собрание ги одбрани овие нови рестриктивни мерки. Пред пратениците, тој увери дека владата „го предвидела вториот бран“.

– Ниту една земја не предвиде дека епидемијата ќе се забрза на таков ненадеен и брутален начин, рече тој, повикувајќи ги политичарите „да не и покажуваат на земјата трајна поделба“. Сенатот од своја страна одби да ја поддржи владата, осудувајќи го „бескорисното гласање“.

Претседателот на Франција синоќа објави „карантин“, кој ќе влези на сила ноќеска на полноќ на целата национална територија. Работата од дома повторно ќе се воведува „каде што е можно“.

– Можете да го напуштите вашиот дом за да одите на работа, но ќе ви треба потврда од вашиот работодавец за да можете да патувате со оваа причина, рече премиерот.

Градинките, основните и средните училишта ќе останат отворени со засилени здравствени протоколи. Сепак, универзитетските и курсевите за високо образование треба да ги следат предавањата преку интернет. Носењето маска ќе се прошири и на деца од 6-годишна возраст, односно на ученици од основно училиште.

Сите „несуштински“ продавници и установи отворени за јавноста ќе мора да се затворат на ист начин како пролетта, особено баровите и рестораните.

Културните места, како што се кината и музеите, веројатно треба повторно да бидат затворени, но шефот на државата не ги спомена конкретно. Професионалните спортски натпревари можат да продолжат најмалку до 1 декември, додека аматерските се прекинати, рече во четвртокот министерката за спорт Роксана Марачинеану.

Loading...

И понатаму можно е да се оди на лекарски консултации, но мора да пополните потврда за ова.

Делумна невработеност ќе има вработените и работодавците кои не се во можност да работат.

Посетите на домови за стари лица и домови за пензионери нема да бидат забранети.

Во врска со периодот на времетраењето на мерките, Кастекс истакна дека овие правила ќе се применуваат најмалку до 1 декември.

– Ако во рок од две недели ја ставиме ситуацијата под контрола, тогаш можеме повторно да ги оцениме работите и да се надеваме дека ќе отвориме некои деловни активности, особено во овој многу важен период пред Божиќните празници.

Податоците објавени од Јавното здравство Франција во средата навечер се загрижувачки: повеќе од 3.000 кревети за реанимација во болниците се окупирани од пациенти со Ковид-19.

Тони Гламчевски, Франција

Leave a Reply