Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на Стража и Маврово се укинати

Сподели со своите пријатели

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на Стража и Маврово се укинати, информираат од АвтоМото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои места со остатоци од кашест снег по коловозите. Врнежи од снег има на Страцин, Попова Шапка, Маврово, Стража, Пресека, Железнец, Ѓавато, Буково, Крушево и Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.