Забранет сообраќај до полициска станица – институциите работат нормално

Сподели со своите пријатели

И покрај забранетиот пристап со автомобили на ул. 11 Октомври и ул. Тодор Велков и известувањето од РЦУК Куманово за подигната борбена готовност, утринава на двете улици се отворени и работат сите институции кои се сместени во посочените улици, со слободна фреквенција за граѓани и пешаци.

Loading...

DSC_0001 copy

СВР Куманово останува без информации за тоа што се случува, со упатување на новинарските екипи да се обратат до МВР Скопје.

Освен зголемено полициско присуство, на терен е мирно. Нема истрели, нема специјални единици и граѓаните од страна на полицијата се замолуваат да не се крева тензија без посебна причина.

Во тек е состанок на Отсек за превенција за менаџирање на матурските прослави и безбедност на учениците, со одложување на сите културни настани во деновите што претстојат.

Учениците се во училиштата, градинките работат и нема најави за прекин на наставата.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *