Кинеската мисија Чанге 5 на Месечината забележа неколку „први“ успеси – првото полетување на кинеско вселенско летало од вселенско тело и првото спојување на капсула и вселенски брод во орбита на Месечината.
Откако милијарди вложија во нивната вселенска програма, Кинезите сега се на добар пат да ги достигнат Русите и Американците во вселенската трка.
Кинеска капсула со примероци од површината на Месечината успешно слета на вселенското летало, а во тек се подготовки за нејзино враќање на Земјата.
Маневарот е дел од амбициозната мисија Chang’e 5 – именувана по кинеската божица на Месечината и лансирана од провинцијата Хаинан на југот на Куна – за да донесе примероци од површината на Месечината на Земјата за прв пат по 40 години.
Прв пат
Капсула со камења и примероци од почва полета од површината на Месечината во четвртокот и слета на леталото вчера, објави кинеската национална вселенска управа, што беше прво кинеска „рандеву и спојување во лунарната орбита“.
Заминувањето на капсулата од месечевата површина беше исто така „прв пат“ – првото полетување на кинеското летало од вселенско тело.
Кинеската вселенска агенција објави дека кинеското знаме е подигнато на површината на Месечината пред да полета капсулата. На тој начин, таа стана втора земја во историјата што го постави своето знаме на површината на Месечината, повеќе од половина век по Америка.
САД за прв пат го поставија знамето на површината на Месечината во 1969 година за време на мисијата Аполо 11.
Пет други американски знамиња беа поставени на површината на Месечината за време на следните мисии, сè до 1972 година.
Во чекор со СССР и САД
Кина се обидува да го надомести изгубеното време и да ги достигне Русија и САД и истури милијарди долари во својата вселенска програма предводена од војската. Пекинг се надева дека ќе има вселенска станица со екипаж до 2022 година и навреме да испраќа луѓе на Месечината.
Доколку леталото со примероците успешно се врати на Земјата, Кина ќе биде само третата земја што ќе донесе примероци од Месечината, по САД и Советскиот сојуз во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
Ова е прв ваков обид од мисијата Луна 24 на Советскиот Сојуз. Научниците се надеваат дека примероците на Chang’e 5 ќе им помогнат да дознаат повеќе за потеклото на Месечината и вулканската активност на површината.
Капсулата треба да содржи два килограми материјал од претходно неистражената област позната како Океан бура, огромна рамница од лава. Капсулата со примероците треба да слета на северот на Кина, во областа на Внатрешна Монголија.
Кина го лансираше својот прв сателит во 1970 година и беа потребни децении за летало со екипаж да лета во вселената – Јанг Ливеи стана првиот „таиконаут“ во 2003 година.
Кинескиот лунарен ровер слета на далечната страна од Месечината во јануари во првиот обид на Кина да го сонува својот „вселенски сон“ и да стане вселенска велесила.
Последната мисија е една од низата амбициозни планови кои вклучуваат изградба на моќна ракета способна да носи поголем товар од вселенското летало од американската вселенска агенција НАСА и приватната компанија Спејс Х, лунарна база и вселенска станица.
Кинеските тајконаути и научниците веќе размислуваат да испратат човечки екипаж на Марс.