Заборавете на Инстаграм каков што го знаете – започна тестирањето на нова опција

Сподели со своите пријатели

Инстаграм уште пред неколку месеци објави дека планира да ги „крие“ лајковите на објавите од своите корисници.

Loading...

Додека еден дел од корисниците се жалеа дека тоа ќе ја уништи нивната кариера како „инфлуенсери“, другиот дел беше воодушевен бидејќи конечно ќе можат да се опуштат за бројот на лајкови на објавите.

Најпопуларната социјална мрежа предизвика невидена количина реакции објавувајќи дека наскоро бројот на лајкови на фотографиите ќе можат да го видат само корисниците на профилот, додека за јавност ќе бидат скриени.

И додека многумина сметаа дека ова е премногу ризичен потег за Инстаграм, се чини дека најавената промена ќе стапи на сила.

Имено, Инстаграм го започнал тестирањето на оваа опција од вчера, 18. јули, а тестот наскоро ќе ги зафати овие седум држави: Австралија, Бразил, Канада, Ирска, Италија, Јапонија и Нов Зеланд.

Во првата фаза на тестирањето, мал број од канадските корисници ќе добијат порака на врвот од својот профил која гласи: „a change to how you see Likes“.

Овие промени ги воведуваат најмногу поради генерацијата „Z“ и опсесивниот фокус на лајковите што како последица се одразува на менталната состојба на корисниците и нивното чувство за вредност.

„Сакаме вашите следбеници да се концентрираат на вашите фотографии и видеа, а не на лајковите кои ги собирате. Вие и понатаму ќе може да видите кој ви ги лајкува фотографиите, но тој податок нема да биде достапен за останатите, туку само за вас“, порачуваат од Инстаграм.

Loading...

Без обзир на тоа што лајковите на Инстаграм ќе станат „невидливи“, алгоритмот и понатаму ќе функционира на ист начин и објавите со најголем број лајкови ќе бидат невидливи за другите корисници.

Како ќе се одрази оваа промена врз однесувањето на корисниците на Инстаграм и нивните ангажмани и што ќе значи тоа за нивната заработка која ја добиваат благодарение на оваа мрежа, засега останува само да претпоставуваме.

Извор: Курир.мк / Image by MrJayW from Pixabay

Leave a Reply