Заби од деца починати пред 1.000 години можат да помогнат во борба против гојазност, дијабетес и срцеви заболувања

Сподели со своите пријатели

Млечните забои на децата погребани во десетиот век во црквениот двор во англиската грофовија Нортхемптоншир се подобар показател на ризик од современите болести, како што се гојазноста, дијабетесот и срцевите заболувања, отколку коските, откриваат научниците.

Тие се надеваат дека ќе можат да ги идентификуваат децата подложни на болестите, за да во првите години од нивниот живот се предупреди за нивното постоење.

Научниците анализирале дентин (често кескено ткиво под забната глеѓ) од деца, чии остатоци се ископани во населбата Раундс Фарнелс, на брегот на реката Нил, која била основата во шестиот век, а 300 години подоцна била изградена црквата, околу која се наоѓале гробиштата.

Loading...

Врз основа на анализата на ист заб, земен од 18 деца и пет жени, направиле слика за развојот започнувајќи од последните три месеци од бременоста. Врз оснвоа на тоа добиле показател на здравствената состојба на мајката. Ова е прв пат на тој начин да се мерени податоците при раѓањето.

Познато е дека луѓето кои живееле во населбата биле потхранети. Таквото влијание го ограничува растот на коските, а со самото тоа и информациите врз основа на нивната анализа. За разлика од коските, забите и натаму растат и пружаат појасна слика за развојот на детето пред раѓањето.

Др. Џулија Бомонт, од Факултетот за археолошки и форензички науки при Универзитетот Бредфорд, вели дека тоа би можело да овозможи заштита на децата од гојазност, дијабетес и болести на срцето.

– Се повеќе експерти се сложуваат дека факторите како што е малата тежина на раѓањето значително ја зголемуваат веројатноста од формирање на срцеви заболувања, дијабетес и гојзаност, па првите 1.000 дена од зачнувањето се утврдува индивидуалниот „модел“. Анализирајќи ги млечните забои современите деца на ист начин како што сме ги анализирале англоскаксонските костури, можеме да ги измериме истите вредности и да ги препознаеме ризичните фактори со кои ќе се соочиме во подоцнежниот живот, а со самото тоа би се овозможила примена на мерки за да таквите ризици ги ублажиме, додава таа.

Leave a Reply