Забележан „марсотрес“ – Првиот потрес надвор од Земјата

Сподели со своите пријатели

Роботското летало на НАСА, „Инсајт“ забележало потре сна Марс, што е прв пат сеизмолошко стресување забележано на друга планета, велат од JPL Лабораторијата во Калифорнија.

Loading...

Тоа се случило скоро пет месеци откако Инсајт, првото вселенско летало специјално дизјанирано за проучување на длабоката внатрешнсот на далечниот свет, слета на површината на Марс за да ја започне својата двегодишна сеизмолошка мисија на Црвената планета.

Благото тресење, за кое научниците од JPL велат дека веројатно е потрес, имал магнитуда од 2,5 степени и забележан е на 6ти април.

Научниците се уште анализираат податоци за ова, како и од уште три послаби сеизмички сигнали кои биле забележани.

– Високата фрекфенција и широкиот појас наликуваат на земски потреси. Затоа сме убедени дека тоа е „марсотрес“, рекол францускиот научник Флипе Лонјон, професор по геофизика и планетарна наука од Универзитетот Париз Дидеро кој е задолежен за овој експеримент.

Францускиот сеизмометар поставен е на површината на Марс во декември, неколку недели по слетувањето на Инсајт.

фото: Пиксабеј


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *