За ЖРК Куманово нема место во Лигата на шампиони

Сподели со своите пријатели

Комисијата за лиценцирање при Европската ракометна федерација не даде зелено светло за ЖРК Куманово за учество во Лигата на шампиони.

Loading...

Кумановки не беа меѓу среќните добитници на „вајлд-картата“ иако пријавија желба за учество откако Металург се откажа.

Денес, ЕХФ ги одреди сите учесници на женската Лига на шампиони, која треба да започне кон средината на септември. За престижниот трофеј ќе се борат 16 екипи, а првата фаза ќе биде поделена во две групи со по осум екипи.

Во новата сезона во ЛШ за жени учество обезбедија Ѓер, Ростов, Мец, Брест Бретањ, Будуќност, Есбјерг, Одензе, Борусија Дортмунд, Битенгхајм, Рамницу Валчеа, ЧСМ Букурешт, ФТЦ, ЦСКА, Крим, Подравка и Кристијансанд.

Македонија годинава нема да има свој учесник во оваа елитно натпреварување.

Leave a Reply