Сириската комисија за исчезнати лица проценила дека помеѓу 120.000 и 300.000 луѓе исчезнале за време на 50-годишното владеење на семејството Асад.
Шефот на комисијата, Мохамед Реда Џалки, во понеделник изјавил дека толку многу луѓе исчезнале од 1970 година.
„Но, вистинскиот број може да биде многу поголем“, изјавил тој за SANA.
Хафез ал-Асад бил претседател на Сирија од 1971 година до неговата смрт во 2000 година, по што неговиот син Башар дошол на власт и останал сè додека не беше соборен минатиот декември.
Џалки рекол дека комисијата формирана во мај досега открила 63 масовни гробници и има информации за повеќе кои сè уште не се истражени.
Десетици илјади луѓе исчезнале откако протестите против режимот на Асад во 2011 година се претворија во граѓанска војна во која загинаа повеќе од 300.000 луѓе и беа раселени околу 14 милиони цивили, проценила ОН.
Откако Асад избега во Москва во декември 2024 година, Сирија е управувана од преодна влада предводена од претседателот Ахмед ал-Шара.