„За влакно“ избегната трагедија, патник го застана автобусот на работ од провалија

Сподели со своите пријатели

Снаодлив француски турист е херојот кој го спречи автобусот полн патници да падне од провалија во австрискиот дел на Алпите, откако возачот изгубил свест.

Автобусот се движел по пралнинзкиот пат низ Алпите со 21 патник, кога возачот, стар 76 години, изгубил свест, соопштува полицијата.

БИЗАРНА ТРАГЕДИЈА: Млад пар почина за време на секс во автомобил

Loading...

Возилото продолжило да се движи кон провалија, но патникот од Франција бргу реагирал, дотрчал до возачот и со нога притиснал на педалата за кочење. Тоа доволно го успорило автобусот па дрвената ограда успеала целосно да го стопира. Четворица патници биле префрлени во болница со повреди.

Херојот на денот, 65-годишниот Французин, седел близу возачкото седиште кога се случил немилион настан. Тогаш скокнал од своето седиште и ја притиснал кочницата точно во моментот кога автобусот удрил во дрвената ограда, што го спречило да падне од височина од над 100 метри.