За викенд изгор топло – од понеделник шест степени пониска температура

Сподели со своите пријатели

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност во крајните источни и западни делови се очекува за денес, јавуваат метеролозите на УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 10 до 19, а дневната од 32 до 38 степени, со УВ = 7

Loading...

 До крајот на неделава ќе се задржи сончево и многу топло време за овој период од годината.

Позначителна промена на времето проследена со засилен ветер, пад на дневната температура и локален дожд се очекува од недела напладне.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневни температури ќе бидат пониски за околу шест степени од денешниве и ќе продолжи да дува северниот ветер но со помал интензитет.