За утре закажан масовен протест на кумановските ученици

Сподели со своите пријатели

Учениците од основни и средни училишта во куманово, по вчерашната средба со градоначалникот донесоа одлука утре да излезат повторно на протест, за кој велат дека ќе биде масовен и мирен.

Loading...

Со почеток во 13 часот ќе се соберат кај м.в. „Тифани“, по што ќе се движат кон општината.

Организаторите на протестот апелираат на строго почитување на мерките за заштита од коронавирусот, односно носење заштитна маска и држење растојание.

Протестот кој требаше да се одржи вчера, како што информираа организаторите беше одложен бидејќи немале доволно време да се прилагодат на протоколите за заштита од коронавирусот, кои им биле претставени од претставниците на Секторот за внатрешни работи.

Протестот се организира преку социјалните мрежи.

Никола Ивановски

Leave a Reply