За три недели шест меѓународни медали и срушен рекорд за кумановските атлетичари

Сподели со своите пријатели

Матеја Ефремовска се закити со бронзен медал во дисциплините 800метри, како и фрлање диск на престижниот Меѓународен атлетски митинг во Софија „Нови Ѕвезди“ кој се одржа на 18ти мај.

Ефремовска со своето фрлање од 38.49м го сруши 26 години стариот сениорски рекорд во фрлање на диск на  Лила  Петрушевска кој изнесуваше 38.20м. Сега таа е и младински и сениорски рекордер во фрлањето диск.

Бев многу мотивирана за рекорд, но не очекував  да успеам денес во тоа зошто техниката не ми беше најдобра, неможев да се адаптирам на бавниот круг и да го дадам максимумот. Презадоволна сум зошто фрлав со резерва и вкочанестост. Очекувам многу подобар резултат оваа година – вели Матеја Ефремовска, член на Атлетскиот клуб Куманово.

Освен неа со врвен резултат е Милан Вељковиќ, но е надвор од конкуренцијата поради своите години.

Ова меѓу другото е шеста меѓународна медалја за атлетичарите од Куманово за само три недели, а го срушија и сениорскиот рекорд.

Извор и фото: Атлетика.мк

 

Loading...