За три месеци направиле масакар меѓу животните (ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА)

Сподели со своите пријатели

Бразилската полиција привела банда ловокрадци од седум членови, меѓу кои и заболекар, кој убил над 1.000 јагуари.

Loading...

Тие биле приведени во државата Акра, на северозападот на земјата, под сомнение дека убиле идлјаници загрозени видови животни, меѓу кои јагуари, капибари, пекарии и мазами – ретки видови елени.

Најактивен чен на бандата, стоматологот Темистоклес Барбоса Фреире, осоминечн е дека воа 1987 година незаконски убил над илјада јагуари.

Објавеи се фотографии на кои се гледа како Фреире носи мртов јагуар на грбот, опкружен со ловечки кучиња.

Бразилските власти ги хакирале телефоните на членови на бандата и го следеле нивното движење најмалку три месеци пред да ги приведат.

MPF_AC / TWITTER

За тие три месеци, забележани се 11 случаи на криволов, во кои членовите на бандата убиле осум јагуари, 13 капибари, 10 ловечки кучиња и два елени.

Loading...

За да ги привлечат јагуарите, користеле „куика“, бразилски тапан со продорен звук.

Против ловокрадците е покрената постапка поради недозволен лов и користење на огнено оружје бз дозвола.

Покрај стоматологот, приведени се и еден лекар, судија, фармер, затворски чувар и електричар.

Доколку бидат прогласени за виновни им се заканува затвор или парична казна.

Поразителна вест пристигнува четири години откако американскиот стоматолог Волтер Палмер го уби Сеси, мажјакот лав, кој живееше во Националниот парк Метабелеланд норт во Зимбабве. Тој задоволството го платил 55.000 долари. Во времето кога бил убиен, Сесил бил предмет на истржаување од страна на научниците од универзитетот Оксфорд.

Палмер го ранил со сетрела во јули 2015 година, за да следното утро го пронајде во непосредна близина. Со оглед дека имал дозвола, не би обвинет, но се најде на мета на жестоки обвиненија од целиот свет.

Фото: MPF_AC / TWITTER

Leave a Reply