За три дена – три казни за правни субјекти во Куманово

Сподели со своите пријатели
Како што информира Државната пазарна инспекција, во периодот од 13 до 16 јули,  од страна на Државниот пазарен инспекторат, извршени се вкупно 569 надзорни контроли, и тоа во регионот на Охрид, Битола, Струмица, Штип и Куманово.
Државниот пазарен инспекторат – Одделение Куманово, во гореспоменатиот период издаде едно решение за  привремена забрана  во траење  од 15 дена по Закон за трговски друштва, како и еден платен налог  во износ  од  30.750 денари  по ЗТД.
Кај еден правен субјект, наплатен  е  еден платен  налог  по ЗТД  во износ од  15.400 ден.