За три дена издадени близу 2000 потврди на мигранти

Сподели со своите пријатели

За само три дена, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, Министерството за внатрешни работи издало 1853 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странски државјани кои илегално влегле на територијата на државата.

Loading...

Во периодот од 19 до 27 јули, издадени биле вкупно 20.605 потврди на странски државјани, од кои 15.038 мажи, 2.729 жени и 2.647 деца придружувани од родители носители на потврдата, додека 191 деца кои патувале без своите родители исто така добиле потврди од министерството.

Според државјанствата на лицата кои добиле потврди, најбројни се државјаните на Сирија-15.290, потоа Авганистан -1.543, Ирак -1.172, Пакистан – 676, Сомалија – 456, Палестина – 396, Конго – 277, Камерун – 124, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавање на потврдите до 27 јули до Одделението за азил биле поднесени 41 барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 од барањата се од државјани на Сирија, три за државјани од Пакистан, по две за лица од Мароко, Алжир и Ирак и едно за лице од Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27 јули 2015 година се евидентирани вкупно 22 баратели на азил, о дкои 13 мажи, 2 жени и 7 малолетни лица.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.