Пиење млеко пред одење во кревет е придобивка плус ако во чашата со млеко додадете една лажичка мед. Со додавање мед, нема што да изгубите, а се` што ќе добиете од тоа е добар сон, издржливост, побавно стареење, и подобро варење на храната.
Еве кои се придобивките од оваа напивка:
Добар сон
Преголемата количина на шеќер може да ве разбуди и вознемири, но сосема мало количество на глукоза ќе му помогне на вашиот мозок да го исклучи орексинот, невротрансмитер кој е одговорен за будноста на телото.
Издржливост
Само 1 чаша млеко и 2 лажици мед во утринските часови може да ви ја зголеми издржливоста во текот на денот. Млекото содржи многу протеини, а медот јаглехидрати.
Побавно стареење
Истражувањата покажуваат дека медот и млекото делуваат на здравјето на целото тело, а не само кожата, кога се работи за стареење. Многу лица во старите цивилизации пиеле и се негувале со оваа комбинација која се верува дека е еликсир на младоста.
Антибактериско дејство
Комбинацијата од мед и млеко успешно се бори против стафилокока (опасна бактерија), па затоа се верува дека има силни антибактериски дејства.
Варење
Шолја топло млеко со малку мед може да помогне кај неправилната столица, подуеноста и многу цревни болести.
Респираторни болести
Топлото млеко е одличен лек против настинките и кашлицата, исто како и медот. Ако ги споите нивните својства, ќе добиете лек кој е подобар од било кој купечки производ.
Извор: Црнобело.мк