За подобар имиџ во ЕУ – Софија ги отстранува коњските запреги од улиците

Сподели со своите пријатели

Бугарската престолнина планира од своите улици да ги отстрани коњские запреги кои таму се честа глетка, а целта е да се поправи имиџот во пресрет на преземањето на претседателството со Европската унија.

– Коњските запреги се сериозна опасност затоа што можат да доведат до сообраќајни незгоди, ја загадуваат околината и ниту една европска престолнина не ги толерира освен ако се работи за атракција, рекол градоначалникот на Софија, Симеон Славчев, пренесува британскиот „Дејли мејл“.

Според моментално важечките прописи, коњските запреги се дозволени само во населбите во бугарската престолнина, но неретко може да се видат и во центарот на Софија, со оглед на тоа дека прописите слабо се применуваат.

– Планираме да ги конфискуваме сите не само тереснки кола, туку и запрежните животни, најавил Славчев.

Забраната првотибтно треба да стапи на сила на 1 јануари 2018 година кога Бугарија го презема претседателствувањето со ЕУ, но градските власи се уште не одлучиле што ќе прават со одземените коњи, па забраната за коњските запреги ќе започне да се применува од 1 март, наведуваат тамошните власти.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.