За отворање на границите ќе се разговара кон крајот на неделата

Сподели со своите пријатели

Кон крајот на неделата надлежните ќе разговараат за евентуално отворање на границите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

– Владата веќе донесе одлука да се пушти транзит на патници кои нема да се задржат во земјата повеќе од 5 часа во таа смисла ќе предложиме отворање и на други гранични премини, а до крајот на неделата би разговарале и за отворање на граници, но ќе ја следиме ситуацијата и ќе дискутираме во рамките на Комисијата па ќе соопштиме на јавноста, изјави Филипче.

Инаку со последните уредби на Владата, се дозволува транзит на странски патници низ државата на поголемите гранични премини, со што за пет часа оние кои ќе влезат на еден, треба да излезат на друг граничен премин.

Никола Ивановски

Leave a Reply