За одлука да се урне црква, жители на српско село се заканиле дека ќе преминат во ислам

Сподели со своите пријатели

Жителите на селото Шопиќ, блиску до Лазаревац во Србија, му напишале писмо на патријархот Иринеј за да го спречат локалниот парох да им ја урне црквата која го носи името Свети Архангел Гаврил, или во спротивно, сите ќе се преобратат во ислам.

Loading...

 Cijelo selo u Srbiji prelazi na islam?

Тие во своето писмо го молат патријархот за помош, а ако и тој не им помогне, тие тогаш ќе станат муслимани.

Неволјата за селаните започнала кога во јули минатата година, селото го зафатило тешко невреме. За само неколку минути, силниот ветер ги однел крововите на неколку куќи и целата камбанарија на црквата стара 150 години.

Ако не ја добиеме вашата поддршка која ја очекуваме како верници и ваши искрени мирјани, ќе бидеме принудени, прости ни Боже, колективно да преминеме во ислам за да според позитивните закони на Република Србија, добиеме подобра заштита за нашите објекти, и како нашите стари маченици, на тој начин да се обидеме да го сочуваме нашиот Господ Исус Христос во срцата, а на главата да ставиме било која капа која ќе ни овозможи да ги заштитиме нашите светости од било какво самоволие, се вели во писмото на граѓаните на Шопиќ до нивниот патријарх.

Еден од жителите на селото, Предраг Лазаревиќ вели дека не му се јасни мотивите со кои се раководи попот Мирко Тешиќ кога одлучил да ја сруши старата црква.

Јас сум геолог по занимање и многу добро знам дека под црквата нема никакво лизгање на земјата. За тврдењето на попот дека темелите не се добро направени е лудост, како и трошењето зборови затоа што црквата стои на своето место веќе 150 години, вели Лазаревиќ, потомок на еден од градителите на селската црква.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.