За Новогодишната ноќ услови за слаб снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во североисточните делови. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Loading...

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Утре ќе биде стабилно и суво со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините.

За време на новогодишната ноќ ќе дува северен ветер и ќе има слаби локални врнежи од снег.

Leave a Reply