„За наше Куманово“ вечерва на градскиот плоштад ќе ја одржи својата предизборна конвенција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и независната граѓанска листа кандидати за советници вечерва на градскиот плоштад во Куманово ќе ја одржат својата предизборна конвенција.

Loading...

– Ние планираме да водиме позитивна кампања, во следниот период ќе се посветиме на сите оние проекти кои што во иднина овој граѓански концепт сака да им го понуди на кумановци, да има поубав, позелен и поперспективен и проевропски град, место каде ќе останеме да живееме сите. Воедно сакам да ве поканам во мое име, во има на кандидатите на советници денеска да дојдете на нашата предизборна конвенција на градскиот плоштад во 19:30 часот и заедно да отпочнеме еден нов процес за напредок, просперитет и прогрес на наше Куманово, изјави Максим Димитриевски на денешната прес конференција.

 

 

Димитриевски на гласачкото ливче ќе го носи бројот 80, додека Ивана Ѓорѓиевска која е носител на независната листа „Наше Куманово“ ќе е под бројот 61.

Никола Ивановски