Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ е изненадена и згрозена од квалификациите кои постојано се упатуваат кон независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски.
Во врска со изнесените невистини во однос за наводно здружување со злосторнички режим, би сакале да прашаме следното:
– До каде е истрагата на бегството на Никола Груевски? Зошто никој се уште не сноси одговорност? Каква е инволвираноста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и потпретседател на СДСМ во овој случај?
– Како успеа на МВР да му побегне Никола Груевски, но и Сашо Мијалков?
Настаните од 27-ми април и од Диво населје не можат да се заборават никогаш. Сите фајлови за настаните во Диво Населје се во Министерството за внатрешни работи, зошто Спасовски не објави кој е сценарист, а кој режисер?
Поддршката за нашата граѓанска иницијатива се зголемува секојдневно. Голем број на истакнати членови, како и дел од основачите на СДСМ Куманово Страшко Илиевски, Младен Славковски Маџо и Миле Арсовски, вчера дадоа огромна поддршка за вториот круг од локалните избори за наше Куманово.
Во недела, на 31-ви октомври во Куманово победуваат граѓаните. Во недела во Куманово победува слободната мисла, без притисоци и одлуки по сопствено убедување!
Интегрално соопштение