За Грците ознаката МК е проблем кој се решава со фластер (фото)

Сподели со своите пријатели

До редакцијата на Кумановски Муабети пристигна фотографија направена кај нашиот јужен сосед, на која се гледа дека со фластер е прекриена ознаката МК на регистрациските таблички.

Очигледно политиката која ја водат двете држави ги доведува во заблуда грчките граѓани и тие се непријателски настроени кон своите северни соседи, што може да се види од постапката на грчкиот граѓанин за кого ознаката МК претставува проблем кој треба да се сокрие.

Но, и покрај сето тоа нашите македонски граѓани трчаат кон грчките одморалишта и го носат милинскиот приход кој Грција го остварува во текот на летната сезона од македонските туристи.