За едно деноноќие: Пет активни пожари на територија на Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Според дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи, ТППЕ Куманово во текот на вчерашниот ден пет  интервеции.

Loading...

Првата интервенција е регистриран во 07:30 часот каде е пријавен пожар предизвикан од опожарена сува трева близу локалитет Спомен Костурница. Четворица пожарникари со едно ПП возило успеале да го санираат пожарот еден час подоцна.

Втората интервенција е регистрирана во Општина Липково, каде близу селото Слупчане се појавил пожар предизвикан од запалена сува трева и ниско стеблеста и борова шума на површина од 3000 м/2.  Пожарот е пријавен во 08:55 часот, а ставен под контрола во 12:50, со помош на четворица пожарникари и едно ПП возило.

Во истата општина, во селото Матејче еден час подоцна е пријавен пожар предизвикан од запалено стрниште, сува трева и стари лозја, информираат од РЦУК. На лице место било делувано со едно ПП возило и тројца пожарникари, како и тројца вработени во ЈП ”Македонски шуми” – Шумско стопанство Куманово и тројца вработени во ПС Матејче. Нема податоци за материјалната штета и зафатената површина.

Откако пожарот во село Слупчане бил ставен под контрола, истиот повторно бил активиран во 14:40 часот, и поради непристапноста на терен и брзината на ширење на пожарот предизвикан од опожарена борова шума, пожарникарите со помош на вработени во ЈП ”Македонски шуми”, успеале да го санираат пожарот дури во 20:45 минути, јавува РЦУК. Во гаснењето на пожарот учествувале четворица пожарникари со едно ПП возило со резервоар за додатна допуна на вода.

Петтата интервенција е регистрирана во кругот на  Дом на АРМ, каде заради опожарена сува трева, тројца пожарникари со едно ПП возило, интервенирале од 16:15 до 17:15 часот.