За едно деноноќие: Четири интервенции на пожарникарите од ТППЕ Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, екипите на ТППЕ Куманово за едно деноноќие бележат четири интервенции на гаснење на пожар, и тоа во атарот на локалитетот Спомен Костурница, каде е пријавен пожар предизвикан од запалена сува трева, како и кај стрелиштетото близу с. Романовце, во атарот меѓу селата Долно и Горно Којнаре, и пожар повторно близу селото Романовце.

Loading...

Ден претходно, пожарникарите гаснеа пожар во с. Черкези, каде што поради опожарена сува трева и ѓубриште, настанал пожар при што биле зафатени десет хектари обработлива површина. Истиот ден, сличен пожар бил пријавен во с. Романовце.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.