За една седмица 691 возачи казнети за управување без возачка дозвола

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на изминатата седмица (30.06.2025) заклучно со вчерашниот ден (06.07.2025), во рамки на континуираните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, дури 691 лице се санкционирани заради непоседување на возачка дозвола при управување возило, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Loading...

Притоа, статистичките бројки покажуваат дека најголем број од овие прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола (136) и Струмица (125), најмалку на подрачјата секторите за внатрешни работи Штип (35) и Охрид (43). Инаку, во рамки на посочениот период на подрачјето на СВР Скопје регистрирани се 72 вакви прекршочни санкции, СВР Тетово – 97, СВР Куманово -66, и СВР Велес со 54 прекршоци за непоседување на возачка дозвола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата.