Семејна куќа вчера изгорела во пожар во липковското село Стрима, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Шест пожарникари од Територијална противпожарна единица Куманово со две возила, интервенирале во гаснење на семејниот дом.
Акцијата траела цели четири часа, од 01:00 до 05:00 часот, при шти е причинета материјална штета.
Допрва ќе се утврдува висината на штетата, но и причините кои довеле до избувнување на огнот.
Сепак, она што ни паѓа во очи е дека за една недела ова е трета куќа која изгоре во пожар во липковскиот регион.
Завчера куќа изгоре во пожар во селото Виштица, а се поклопува времето на интервениција на пожарникарите, која започнала околу 01:55 часот и траела до 05:00 часот
Ноќта недела спрема понеделник, куќа изгоре и во Лојане. Тогаш, на терен интервенирале седуммина пожарникари со три противпожарни возила во период од 20:45 до 01:25 часот.
Никола Ивановски