За една недела, нова асфалтна подлога на три улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Проектот за обновување на асфалтот и комплетно санирање на улиците низ градот продолжува со предвидената динамика, информираат од Секторот за урбанизам при Општина Куманово.

Loading...

11885389_10205830274250467_5660455761287893660_n

Во текот на минатата недела, на територијата на градот се асфалтирани три улици, и тоа ул. Иван Цанкар и ул. Александар Здравковиќ во населбата Тоде Мендол, како и улицата 11 Октомври, која се смета за една од главните сообраќајници во градот.

Денес во рамки на активностите на општината, беше спроведена и акција за чистење на просторот кај Туш Маркет, на патот кој води кон населбата Перо Чичо.