За еден ден реката Пчиња скоро двојно го зголеми водостојот

Сподели со своите пријатели

Како што пренесуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, реката Пчиња со мерно место во с. Пелинце, во текот на вчерашниот ден во 8 часот наутро изнесувала 47 сантиметри, за да истата 24 часа подоцна достигне водостој од 110 сантиметри.

Loading...

Истата во текот на денешниот ден, односно мерењето извршено измеѓу 13 и 14 часот се искачила за уште 5 сантиметри, а последното мерење извршено измеѓу 16 и 17 часот покажува дека нивото на водата е во опаѓање и изнесува 100 сантиметри.

Нивото на реката Пчиња кај мерната станица кај Катлановска бања од вчерашните 93 сантиметри во 8 часот наутро за 24 часа нивото на реката се искачи на ниво од  124 сантиметри, за да во периодот измеѓу 13 и 14 часот се искачила на 140 сантиметри.

Сите водостои во Република Македонија се на рекордно високо ниво, откако дождот интензивно паѓаше во измиантите денови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.