За десетина дена Куманово ќе блесне во новогодишно руво

Сподели со своите пријатели

За десетина дена Куманово ќе блесне во новогодишно руво, откако ќе заврши тендерската постапка за украсување на централното градско подрачје.

Loading...

Оглас за тендерска постапка распиша Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ во вредност од 1,4 милиони денари. Истиот ќе трае до петок, со што следната недела се очекува да започнат активностите за украсувањето.

Освен главните сообраќајници, ќе биде украсен и градскиот плоштад на кој ќе блесне и новогодишна елка.

Новогодишната прослава како и во изминатите години и оваа ќе изостане, освен детскиот предновогодишен хепенинг.

Leave a Reply