06.11.2015 14:00

За да им наштети на наследниците уништила милион евра


Необичната вест ни доаѓа од Австрија каде една неиуменувана 85-годишна Австијка искинала новчаници во вредност од скоро милион евра, а сето тоа за да им наштети на своите наследници.

Кога умрела неиуменуваната старица, чие име не енаведено, на нејзиниот кревет во собата на старачкиот дом во кој ивеела, пронашле искинати новчаници во вкупна вредност од 950 илјади евра и неколку штедни книшки кои и припаѓале, а кои исто така биле искинати на ситни делови.

loading...

Државниот обвинител Ерих Ханицл ја потврдил оваа вест, која првин ја објавил весникот Куриер, додавајќи нека не може ништо да се направи за наследниците.

Штета на банкнотите кои биле во сопственост на починатата не претставува кривично дело, па затоа не покренавме никаква истрага – изјавил Хабицл.

Листот Куриер пишува дека роднините на старицата сепак ќе бидат тие кои „слатко ќе се насмејат“ затоа што Централната австирска банка најавила дека ќе ги замени парите.

Доколку наследниците ги пронајдат делови од банкнотите и под услов да биде утврдено потеклото на парите, тогаш секако дека штетата ќе се надомести – вели претставник на австриската банка.

Тој додава дека доколку не се заменат парите ќе се нанесе штета на погрешни личности.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments