Кристина Џордан, која морала да се задоволи со една од ретките венчаници што можела да ги добие во нејзината тогашна големина, ослабела 60 килограми за да се „премажи“ со својот сопруг во фустанот од соништата на нивната 20-годишнина од бракот.
40-годишната жена од Аризона вели дека нејзината венчавка во 2001 година била најубавиот ден во нејзиниот живот, но во тоа време не можела да ја облече омилената венчаница бидејќи нејзините тогашни 123 килограми го ограничувале нејзиниот избор.
Сега, откако ослабела 60 килограми, таа повторно се омажила за својот сопруг, носејќи го нејзиниот совршен фустан.
Кристина споделува совети за слабеење, вежбање и јадење свежа здрава храна. Откако по вторпат се омажила за нејзиниот сопруг, за 60 килограми полесна за да се вклопи во венчаницата од соништата, таа вели дека вежбањето и „здравата свежа храна“ и помогнале да ја изгуби сета таа тежина.
Мајката на три деца, сега овластен нутриционист, рече дека нејзината тежина ја ограничувала кога е во прашање изборот на венчаница и дека морала да се одлучи за фустан во кој може да се вклопи, а кој „не е нејзин стил“ – но е една од ретките опции во нејзината големина, пренесува Daily Mail.
View this post on Instagram
Кристина цел живот се борела со килограмите – пиела газирани пијалаци за појадок и во текот на денот и јадела само брза храна, а вечерата ја завршувала со пржена храна и милкшејк за десерт.
По 20 години, Кристина изгледа непрепознатливо со помош на целосна промена во режимот на исхрана и вежбање, заменувајќи ја брзата храна со органски салати, смути и риба или посно месо.
Ги обновила своите завети на 20-годишнината од бракот во март 2021 година, а Кристина се почувствува „неверојатно“ конечно носејќи ја нејзината венчаница од соништата.
View this post on Instagram
– Кога јас и Дерек се венчавме на 18 и 19 години, бев потешка од него повеќе од 45 килограми. Не му беше грижа. Љубовта и врската што ги споделивме заедно, длабокото пријателство што го имавме, направија изгледот да не биде важен. Иако уживав во денот на свадбата, мојот фустан не беше баш како што сонував. Венчаниците беа ограничени во моја големина. Фустанот на крајот го избрав по големина, а не според мојот личен стил – изјавила Кристина.
Во март минатата година тие решиле да направат нешто многу посебно и да ги обноват свадбените завети и да го прослават со вториот меден месец.
– За нашиот обновување на заветот имав прекрасен фустан дизајниран од мојот добар пријател кој дизајнира венчаници по нарачка. Се чувствував неверојатно во мојот нов фустан, апсолутно неверојатно секси и моќно – вели Кристина која уште од мала се бори со килограмите.
View this post on Instagram
Како тинејџерка со „екстремна прекумерна тежина“, таа се сеќава дека често била малтретирана за време на училиште поради нејзината големина, додека подоцна во животот доживеала многу непријатни моменти поради нејзината дебелина.
– Порано бев мачена и малтретирана поради мојата големина. Имаше моменти кога луѓето ме исмејуваа и тоа многу ми ја повредуваше самодовербата. Дури кога го запознав мојот најдобар пријател, кој сега ми е сопруг, тој ми помогна да сфатам дека сум убава и достојна да бидам сакана – се вели во приказната.
View this post on Instagram
Кристина рече дека нејзината самодоверба нагло се зголемила откако го запознала сопругот, кој ја убедил дека е убава и дека секогаш ќе ја сака, без разлика на нејзиниот изглед.
Непоколебливото восхитување и поддршката на нејзиниот сопруг и дале самодоверба да ги оствари своите соништа за слабеење и здравје. Така, таа направила големи промени во животниот стил што и помогнало да изгуби тежина – вклучувајќи редовни тренинзи и јадење многу здрава, свежа храна – што и помогнало да ја достигне целната тежина од околу 60 килограми.
Меѓу промените, таа ги заменила газираните пијалаци со вода или домашна лимонада од лубеница. Кристина, исто така, ја напуштила својата навика да јаде брза храна, заменувајќи ги хамбургерите и помфритот со салати, зеленчук и протеини со малку маснотии.
– Мојот сопруг отсекогаш бил најневеројатниот човек и најпосебната личност во мојот живот. Секогаш ме охрабруваше и ме сакаше. Секој ден од моментот кога го запознав, Дерек ми велеше дека сум убава. Овој вид на вистинска, длабока и вредна љубов може да му помогне на секој што сака да се трансформира. На сите ни треба некој во животот кој ќе не поддржува, ќе навива за нас и ќе не сака како и да изгледаме – вели таа и додава дека навистина верува дека не би била личноста што е денес доколку тој не ја поддржал на таа патека.
View this post on Instagram
Кристина сега им помага на другите да ги остварат своите соништа и да станат најдобрата верзија од себе преку пренесување на нивното знаење како сертифициран главен нутриционист.
Таа напишала и книга за нејзините борби и победата над нејзината тежина, со наслов „Половина од мојата големина“.
– Сега кога ослабев, се чувствувам апсолутно неверојатно и како сосема нова личност. Јас не сум истата жена што бев пред да тргнам на ова патување. Јас сум посилна, помудра и посамоуверена. Нема да биде лесно, но ќе се исплати. Ако можам јас, тогаш можете и вие – истакнува Кристина.
View this post on Instagram