Претседателот на Чешката Република Петр Павел изјави дека членките на НАТО можат да размислуваат за членство на Украина во воената алијанса дури по завршувањето на конфликтот.
„Во овој момент е многу тешко да се зборува за конкретни датуми кога станува збор за членството на Украина во НАТО, додека земјата е во војна. Прво, таа војна мора да заврши“, рече Павел на прес-конференција во Брисел со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Истовремено, тој посочи дека западните земји се подготвени да и дадат долгорочна поддршка на Украина, пренесува Тасс.
„Нема алтернатива за поддршка на Украина“, нагласи чешкиот претседател, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.