За Божиќ температури до 15 степени

Сподели со своите пријатели

Во утринските часови на југозапад врнежи од слаб снег има и на повисоките места. Слаб снег е забележан и на североисток во Крива Паланка, а во изминатите часови и во Берово. Вдолж Повардарието врнежите се од дожд. Понекаде дува слаб претежно северозападен ветер, само на Ѓуриште дува умерен северозапад, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

До пладневните часови се уште ќе има повремени врнежи кои вдолж Повардарието ќе се од дожд, а на планините на запад и на исток понекаде и на повисоките места ќе се од снег. Од пладне ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер најизразен на југоисток, а облачноста ќе се намалува. Температурата од 4 до 11 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините и по речните долини со појава на магла и ниска облачност. Во следните два дена утринските температури ќе се пониски, а за време на празничниот викенд температурите преку денот и особено на југоисток ќе достигнуваат и до 15 степени, со исклучок на местата каде со магла.