За Божиќ изгор цени на кумановскиот пазар

Сподели со своите пријатели

Како по традиција и годинава тезгаџиите во пресрет на Бадник и Божиќ ги покачија цените на кумановскиот зелен пазар.

Така за кило костени граѓаните ќе мора да платат од 160 до 200 денари, портокали три килограми за 100 денари, јаболки 25 денари за килограм, а за килограм мандарини, киви и банани граѓаните ќе треба да издвојат по 50 денари. Најевтина е тиквата, килограм чини 25 денари.

Тезгаџиите велат дека кумановци слабо купуваат, обично по килограм од се како за адет за Божиќ, додека пак оние кои денеска излегоа да пазарат велат дека обично како и за секој празник цените се повисоки.