За 62 милиони долари, продадена најголемата слика во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Уметничката слика на Сача Џафри, која го држи Гинисовиот рекорд како слика направена на најголемото платно, беше продадена за 62 милиони долари на аукција во Дубаи.

Loading...

Сликата „Патување на човештвото“ е исто така втора најскапа слика на жив уметник некогаш продадена, а е насликана на големо платно на подот од салата за танцување на хотелот „Атлантис“ во Дубаи, пренесува Ројтерс.

Создавањето на сликата траело седум месеци, а платното било поделено на седум дела, кои сите ги купил Андре Абдун, француски државјанин, кој живее во Дубаи и продава криптовалути.

Абдубн рекол дека има планови со сликата и дека се надева дека ќе заработи уште повеќе на неа за да им даде дел на хуманитарните слики, но не откри за што станува збор.

„Целта е секогаш да се променат животите на децата ширум светот и да се започне човештвото“, рече Џафри.

На прво место, како најскапа слика на жив уметник во 2018 година, слика од Дејвид Хокни „Портрет на уметник“ од 1972 година е продадена за 90,3 милиони долари.

 

Loading...

Leave a Reply