За 15 часа на Табановце влегле 2.235 патници

Сподели со своите пријатели

Пандемијата на коронавирусот не премисли голем број граѓани да влезат во Македонија преку Граничниот премин Табановце, а бројот на оние кои допатувале, претежно македонски државјани е далеку поголем од оние кои отпатувале.

Loading...

Статистиката на Министерството за внатрешни работи покажува дека 2.235 лица за само 15 часа, почнувајќи од ноќеска на полноќ влегле на територијата на Македонија.

Од нив 1.551 лице биле македонски државјани, а 684 се странци.

Далеку помал е бројот на оние кои ја напуштиле државата во истиот период преку ГП Табановце. Тоа го сториле само 212 домашни и 161 странски државјани.

 Никола Ивановски

Leave a Reply