YouTube тестира нов формат на реклами, кој нема да ви се допадне

Сподели со своите пријатели

YouTube заработува најголем дел од своите пари од реклами што се прикажуваат додека траат видеата. Ова, се разбира, им пречи на корисниците, но рекламите се причината поради која услугата е достапна.

Loading...

Има алтернативи, но потребно е да се плати, па некои корисници одлучија да користат апликации за блокирање реклами.

Google веќе некое време се обидува да им стави крај, па за таквите корисници содржината е целосно забавена, а единствено решение е деинсталирањето на блокаторите на реклами.

Рекламите очигледно не се популарни, така што новата опција што ја тестира YouTube веројатно нема да им се допадне на корисниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија целосно го блокираше Вибер

Компанијата, како што неодамна објавија, започна со тестирање на нова форма на реклами кои се прикажуваат на екраните кога корисниците не гледаат или паузираат клипови.

Во моментов, ова е достапно за ТВ и се активира кога корисниците паузираат видео на YouTube. Кога ќе кликнат на пауза, видеото се намалува и до него се појавува реклама.

Она што посебно го нагласија од компанијата Гугл е дека се работи за рекламен формат кој не ги вознемирува корисниците додека гледаат видео, бидејќи се појавува само кога ја паузираат содржината.

Меѓутоа, доколку корисниците паузираат видео затоа што поради некоја причина сакаат да го исклучат звукот, сигурно нема да им се допадне доколку веднаш по кликнувањето на пауза се појави ново видео со реклама и звук.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија целосно го блокираше Вибер

Првите резултати во текот на тест периодот се позитивни, велат од Google, па не треба да се чудите ако го прошират тестирањето и на други уреди, односно ако официјално го воведат овој формат на реклами.