YouTube има новитет кој веројатно нема да ве воодушеви

Сподели со своите пријатели

YouTube има нови правила, кои најверојатно нема да им се допаднат на креаторите на содржини.

Loading...

Имено, кога рекламата се прикажува на оваа платформа, оние на чие видео се рекламите, обично заработуваат од неа. Сепак, новите правила велат дека Јутуб ќе може да прикажува дури и повеќе реклами отколку порано, и дека ќе плаќаат помалку за нив, односно дека сите што не се во „Партнерската програма“ нема да добиваат пари.

Така, на пример, може да се случи помалите креатори да видат реклама на некое од нивните видеа без да заработат денар од тоа.

Ако тие сакаат да бидат дел од „Програмата за партнери“ на YouTube, мора да имаат 4.000 часови прегледи во последните 12 месеци и да имаат повеќе од 1.000 претплатници.

Се разбира, рекламите се еден од големите извори на приход за YouTube и Google, но исто така и за креаторите кои можат да заработат дополнителни пари на тој начин – барем досега можеа.

Како што е потврдено за порталот „Верџ“, сè уште нема да има реклами на креатори кои нагласуваат религија, политика, алкохол или коцкање во преден план.

Leave a Reply