YouTube ги отстранува рекламите поврзани со коцкање и изборни процеси!

Сподели со своите пријатели

YouTube веќе нема да дозволува одредени видови реклами да се појавуваат на врвот на нивната насловна страница. Ова вклучува реклами поврзани со изборни процеси, како и реклами поврзани со коцкање, алкохол и дрога.

Loading...

Политичките реклами (освен изборните) нема да бидат автоматски блокирани на таа позиција, но ќе се донесе одлука за секоја одделна реклама. Овие нови правила стапија на сила во понеделникот.

 

 

Насловната страница на YouTube е една од најпосетуваните страници на Интернет, а позицијата на врвот е најдобра и најзабележителна за прикажување реклами. Инаку, Гугл го паузираше прикажувањето на сите политички реклами еден ден по изборите во Америка, а одлуката беше повторена по обидот за востание на Капитол Хил, во текот на јануари оваа година.

Ова е уште една промена на насловната страница, по онаа што доведе до промена од дневна закупнина, до приказ според афинитетите на корисниците. Имено, само еден ден пред да стапи на сила одлуката, а пред американските избори, Доналд Трамп ја закупи оваа позиција на Јутјуб за неколку дена, што ја иницираше таа промена.

 

Loading...

 

Оваа промена во политиката за прикажување реклами е само уште една во низата обиди на Google да воспостави рамнотежа во својата политика за прифаќање или одбивање содржина во реклами. До оваа промена, рекламите што поттикнуваа говор на омраза, политички дезинформации и теории на заговор поврзани со пандемијата COVID-19 беа одбиени, а сега списокот е проширен и на други теми.

Патем, Јутјуб оствари приход од 6 милијарди долари од реклами во првиот квартал од 2021 година, што е зголемување за 50 проценти во споредба со истиот период минатата година.

 

Leave a Reply