Вукашин Мандиќ го потпиша третиот по ред договор со К.К Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” на својата фан страна соопшти дека соработката со играчот Вукашин Мандиќ од Србија е продолжена на уште една година со ставање потпис на нов едногодишен договор со оваа екипа.

Loading...

За Вукашин Мандиќ кој игра на позиција крило и крилен центар, новиот договор значи продолжување со настапи за КК Куманово трета година по ред.

Минатата сезона, Мандиќ во просек постигнуваше по 15 поени , а имаше скор и од 4,3 асистенции и 5,8 скока по натпревар.

Во пресрет на новата кошаркарска сезона, КК Куманово засега го обнови договорот со Александар Костоски, а за нов тренер го назначи Љубомир Луковиќ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.