Вучиќ: Не гледам причина зошто би навивал за противникот на Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија Александар Вулиќ коментирајќи го наптреварот Русија – Хрватска рекол дека секој во Србија има право да навива за кого сака, но дека тој навивал за Русија.

Рекол дек асекогаш би навивал за репрезентацијата на Русија во случај да се сретнат тие два тима, додавајќи дека не гледа причина зошто би навивал за руски противници.

– Го гледав натпреварот, второто полувреме и продолжението, навивав за Русија. Бидејќи некои ме критикуваа, тоа е мое право. Србија е демократско општество во кое секој може да навива за кого сака, рекол тој на новинарите.

Вели дека и пред натпреварот рекол дека Хрватска има подобар тим.

– Не сум фасциниран од мноту работи. Не сум фасциниран од песните на Топсо. И илјада пати да биде таков натпревар јас би навивал за Русија. Па нека се нервираат оние кои сакаат да им се додворат на некои на Западот, рекол Вучиќ.

Коментирајќи како РТС го пренесувал мечот со Хрватска, Вучиќ рекол дека првиот пренос бил добар, а вториот премногу навивачки по што тој го „исклучил тонот“.

– Нека пренесуваат како сакаат. Не ми е важен тонот, рекол тој.

Хрватска ја победи Русија по изведување на единесетерци и се пласира во полуфиналето од Светското првенство во фудбал.

Leave a Reply