Вучиќ го прифати повикот на Колинда да ја посети Хрватска

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по состанокот со Антонио Тајани, претседателот на Европскиот парламент, соопшти дека го прифаќа повикот на претседателката на Хрватска Колинда Грабар и дека кон средината на февруари патува во Загреб.

Претседателот Вучиќ на почетокот на обраќањето кон медиумите истакнал дека му е чест што Тајани е во посета на Србија и се заблагодари за поддршката која ја пружа на државата на патот кон ЕУ.