Вучиќ: Додека сум жив само народот ќе одлучува кој ќе биде на власт

Сподели со своите пријатели

Александар Вучиќ прецизираше дека нема да има техничка влада во Србија.

Loading...

– Додека сум жив, само народот ќе одлучи кој ќе биде на власт, рече претседателот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, прецизирајќи дека нема да има техничка влада, туку само национална, ниту пак странци ќе одлучуваат кој ќе владее во Србија.

Вучиќ на седницата на главниот комитет на партијата рече дека Чедомир Јовановиќ и Бошко Обрадовиќ се обединија околу една идеја, за еден ден.

– Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку влада на народот, само народот ќе одлучи кој да управува. Криминални варијанти каде криминалците без глас на народот сакаат да дојдат на власт нема да можат да го сторат тоа додека сум жив – потенцираше тој и додаде дека „во Србија нема да има никакви Боки 13“.

– Додека сум жив, ќе ги бранам Уставот и оваа земја. Кога ќе ја стекнете довербата на луѓето, тогаш можете да владеете. Без луѓето на власт, вие не можете да го направите тоа, рече Вучиќ.

Тоа, вели тој, беше едногласно поддржано од Претседателството на партијата.

Според него, ниту еден претставник на странска земја нема да регулира кој ќе владее во Србија.

– Вие, странците сте добредојдени, драги гости, но да ја срушите Србија, да управува оној кој нема национална доверба – сиктер! Ништо од тоа не постои. Србија ќе ја заштити својата слобода, независност и суверенитет – рече Вучиќ.

Loading...

Leave a Reply