Првите луѓе на БИБЛ лигата овие денови се во посета на Македонија, каде остваруваат работни средби со раководството на Македонската кошаркарска федерација, на која се договара продолжување на македонското учество во оваа реномирана балканска лига, пишува порталот Спорт Медиа.
Засега Карпош Соколи е сигурен тим за настап, но челниците на Балканската кошаркарска лигасе заинтересирани за учество на уште еден македонски клуб, а ќе се бира меѓу Куманово, Фени Индустри и Кожув.
На средбата беше разговарано за учеството на македонските екипи во новата сезона од БИБЛ. Засега сигурно во регионалната Балканска лига ќе игра тимот на Карпош Соколи. Дали ќе има уште некој наш претставник зависи од интересот кај другите наши прволигашки клубови”- вели генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска, пренесе Спорт Медиа.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.