Вториот ден од мај – облачен и дождлив на север

Сподели со своите пријатели

Вториот ден во мај ќе донесе нешто повеќе облачност за разлика од првиот, јавува Метеопро.

Loading...

Во принцип, северниот регион може да го издвоиме по тоа што ќе биде малку пооблачен попладне за разлика од јужниот. Попладне ќе има слабо изразена нестабилност која само локално, претежно во северниот регион, може да донесе врнежи. Во североисточниот регион постои мала веројатност за краткотраен пороен дожд во текот на попладнето.

Ветерот ќе биде генерално слаб, освен во охридско-преспанскиот и пелагонискиот регион, каде околу пладне ќе дува умерен западен ветер.

Максималната температура ќе биде нешто пониска во северниот регион и ќе има вредност околу 20°С. Јужната половина од земјава повторно очекува максималната температура со вредност помеѓу 23°С и 26°С.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *