Втора работилница за управување со пожари на ниво на предел во Македонија

Сподели со своите пријатели

Во Скопје се одржа втората национална работилница за управување со пожари на ниво на предел во Република Северна Македонија, организирана од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како национален партнер институција во програмата “Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation -SDC) координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје како регионална извршна агенција со законодавна поддршка од ХЕЛВЕТАС агенција од Швајцарија.

Loading...

На работилницата присуствуваа раководителот на секторот за шумарство и ловство Саша Јовановиќ, тим лидер на програмата Цветан Јовановски, раководителот на центарот за следење на шумски пожари Никола Николов, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претставници на ТППЕ од неколку општини, претставници на институции тесно поврзани со управување со пожарите на отворен простор во Република Северна Македонија.

Како втора во низа, работилницата имаше за цел да одговори на клучните аспекти на управувањето со пожарите веќе дискутирани на првата работилница во Март 2023, фокусирајќи се на концептот на системот за управување со пожари во Република Северна Македонија, презентација на нацрт извештајот за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија како и изработка на организациона шема на системот за управување со пожари, препораки и насоки. Настанот ги обедини заедно клучните засегнати страни, експерти и практичари од областа за да разговараат и да соработуваат за стратегии за ефективно управување со пожари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од денеска задолжителна зимска опрема на возилата

“Оваа работилница е потврда за нашата заедничка посветеност со цел да ги заштитиме нашите предели, нашите шуми и нашите граѓани. Овде денес ни се придружуваат експерти, практичари, креатори на политики и истражувачи кои на еден или друг начин играат витална улога во обликувањето на стратегиите што ќе ја обликуваат и иднината на управувањето со пожари во нашата држава” потенцираше раководителот на секторот за шумарство и ловство Саша Јовановиќ.

Тим лидер на програмата Цветан Николовски ја напомена и важноста да се работи на подобрување на соработка на локалното но и на регионално ниво, на подобрување на капацитетите и на поефикасни политики за управување со пожарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од денеска задолжителна зимска опрема на возилата

 

 

Loading...

На самиот почеток, раководителот на Центарот за следење на шумски пожари Никола Николов ги запозна присутните со Рамката за управување со пожари на ниво на предел – водечки принципи за прилагодување на стратегиите, политиките и управувањето за глобални промени како документ донесен на 8та интернационална конференција за управување со пожари одржана во Мај 2023 Порто, Португалија.

На работилницата беа презентирани и резултатите од Нацрт-извештајот за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија, од страна на Националниот проектен соработник Бојан Михајловски. Извештајот истражува за моменталната состојба, историја на пожарите, практиките за управување со пожари во земјата, истакнувајќи ги силните страни, слабостите, можностите и предизвиците. Беше нагласена важноста од заедничките напори од сите засегнати страни во подготовката на овој извештај, подвлекувајќи ја неопходноста од унифициран пристап за ублажување на штетите од пожарите на отворен простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од денеска задолжителна зимска опрема на возилата

Во вториот дел од работилницата работа во групи како резултат беше изготвувањето на организационата поставеност и анализа на сите институции вклучени во системот за управување со пожари на отворен простор, вклучувајќи ги добри, лоши, можности, закани и насоки за изработка на препораки за управување со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија. Овие препораки, извлечени од колективната експертиза на учесниците, ќе играат клучна улога во обликувањето на идните политики и во Северна Македонија. Целта е да обезбедат рамка за проактивни и координирани напори за управување со пожари, обезбедувајќи безбедност на заедниците и екосистемите со цел поотпорни предели од пожарите.

Втората работилница за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија беше значаен чекор кон продолжување на соработката, одржување на Национална мрежа за управување со пожарите, поттикнување на нови соработки, споделувањето знаење и развивање акциони стратегии за справување со сложените предизвици на управувањето со пожарите.